Салах: Би се откажал од сите 40 гола – само да ја освоиме Лигата на шампиони

Мохамед Салах во дресот на Рома важеше за извонреден фудбалер, но по трансферот во Ливерпул египетскиот ас се претвори во „машина за голови“, голгетер од светска класа од кого стравуваат дефанзивците на сите ривали. Тој го постигна својот 40. погодок сезонава при победата над Бурнемаут, станувајќи само осми играч во историјата што стигнал до 30 гола во Премиер-лигата во една сезона. Пред него се уште неколку рекорди, но Салах пред себе има само една зацртана цел – да му помогне на Ливерпул во битката за трофејот во Лигата на шампионите.

„Секако дека чувството е прекрасно, не ни помислував на ваква бројка – 40 гола во првата сезона во Ливерпул. Сепак, многу работи не се променети, пред се моите приоритети да му помогнам на тимот да игра добар фудбал и да постигнува што повеќе голови. Тимот е она што е пред се, сите сме подредени на колективот и најмалку е важно кој е стрелецот, а кој аситентот. Сега пред нас е Лигата на шампионите, играме во полуфиналето и имаме реални шанси за финале. Искрено, би се откажал од сите 40 гола постигнати досега, само да ја освоиме Лигата на шампиони“ – изјави Салах.

Се вчитува...