Салах го коментираше пласманот на Реал во финалето: Имаме сметки за израмнување!

Се исполни желбата на Мохамед Салах да го добие Реал Мадрид за ривал во големото финале во Лигата на шампионите. Вчера „кралевите“ со чудесен пресврт и по продлженијата, стигна до финален натпревар, и практично ќе се повтори мечот од 2018 година кога Реал триумфираше со 3-1, а Салах во првиот дел се повреди по дуел со Рамос.

Салах не чекаше долго да се огласи по повод добивањето на Реал Мадрид за противник во финалето, кое ќе се игра на 28. мај во Париз.

„Имаме некои сметки да ги израмниме“, напиша Салах на Инстаграм.

Се вчитува...