Салах е „фит“ за стартот на СП

Мохамед Салах експресно ги надмина проблемите со повредата на рамото и најдобриот египетски фудбалер ќе биде во комбинација веќе за премиерниот натпревар од СП што оваа селекција ќе го игра в петок против Уругвај. Претходните најави велеа дека Салах сигурно нема да игра со Уругвај, а се прават напори да биде „фит“ за наредните две средби во Русија, но Египетската Фудбалска Асоцијација на својот официјален твитер профил објави дека голгетерот на Ливерпул ќе може да игра по повредата заработена во финалето од ЛШ во Киев.

„Легендата е подготвена“ – се пофалија Египќаните, по што со охрабрувачка изјава се јави и самиот Салах.

„Ви ветувам, ќе сторам се за да бидам подготвен за СП и да го исполнам сонот на сите во Египет. Сега се чувствувам многу подобро, ќе бидам подготвен да играм со Уругвај. Никогаш нема да се откажам од нашиот сон, ветувам дека ќе го дадам најдоброто за нашиот народ“ – порача Салах.

Се вчитува...