Салах е играч на сезоната во Премиер-лигата

Мохамед Салах е добитник на наградата за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2017/2018. Египетскиот ас заслужено се закити со ова признание на вечерашната гала-вечера, по фантастичната дебитантска сезона во дресот на Ливерпул.

Тој севкупно постигна 41 погодок во дресот на „црвените“, дури 31 од нив во Премиер-лигата, со што се промовираше во нова мегаѕвезда на англиската фудбалска сцена. Зад Салах во гласањето во кое учествуваа професионалните англиски фудбалери се најде Кевин де Бруине на втората позиција, додека Хари Кејн на крајот беше само третопласиран.

Во претходните две сезони до признанието стигнуваше играч на актуелниот првак, Марез од Лестер и Канте од Челси, но овојпат Салах стигна до наградата иако Ливерпул од поодамна ја загуби трката за титулата од Манчестер сити.

Се вчитува...