Салах е како Роналдо, не оди на гала-вечери ако не добие награда

Мохамед Салах тргна по стапките на Кристијано Роналдо, решавајќи воопшто да не патува на церемонијата за доделување на наградите за најдобар африкански фудбалер откако дознал дека нема да го добие големото признание.

Асот на Ливерпул беше главен лауреат на истата церемонија во претходните две години, а годинава се најде на листата на финалисти заедно со Садио Мане и Ријад Марез. И двајцата фудбалери добиле дозвола од Ливерпул да отпатуваат на церемонијата во Каиро, но Салах решил да остане во Англија.

Мане е огромен фаворит за добивање на наградата, но соиграчот од Ливерпул нема да присуствува во Каиро за меѓу првите да му честита за големото признание на Сенегалецот.

Се вчитува...