Салах го пропушта и мундијалот во Русија?!

Повредата на Мохамед Салах не е нималку наивна и голема е веројатноста дека поради неа најдобриот фудбалер на Ливерпул нема да може да настапи ниту во големото финале од Лигата на шампионите. Ова на прес-конференцијата по финалето го потврди и стратегот на Ливерпул Јирген Клоп.

Првиот впечаток е многу лош. Салах замина во клиника на детални прегледи, но или станува збор за клучна коска или за изместување или скршееница на рамото. Ќе ги почекаме резултатите, но во секој случај е многу лошо за Мо, за нас како клуб, но и за Египет. Тешко е да се поверува дека тој ќе може да се рехабилитира за кратко време за да игра на СП во Русија“ – изјави Клоп.

„Фараоните“ по подолга пауза конечно обезбедија пласман на еден фудбалски мундијал, но јасно е дека без помошта на Салах нивните шанси за пласман во нокаут фазата би биле сведени на теорија. Египет е дел од групата А на ова СП, заедно со селекциите на Русија, Уругвај и на Саудиска Арабија.

Се вчитува...