Салах прави чуда: Прв играч со три признанија за МВП на месецот во Премиер – лигата

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах игра во неверојатна форма во дресот на Ливерпул оваа сезона. Тој е прогласен за најдобар играч за месец март во Премиер – лигата, и тоа му е веќе трето признание за МВП – играч на месецот во шампионатот. Тоа досега не му успеало на ниту еден друг фудбалер кој настапувал во Премиер – лигата.

Ова е само уште една потврда дека Египќанецот е во фантастичен ритам. Тој на 33 натпревари во Премиер – лигата оваа сезона постигна 29 гола во дресот на Ливерпул.

 

Се вчитува...