Салах во битка и со повредата и со времето

Ѕвездата на Ливерпул и лидерот на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах, прави големи напори да дојде до охрабрувачки прогрес во забрзаната рехабилитација на повреденото рамо. Тој, покрај со повредата, е и во битка со времето бидејќи треба да биде подготвен навреме за воведниот натпревар на неговиот нацонален тим на Светското фудбалско првенство во Русија.

Голема надеж отвори неговата последна објава на социјалните мрежи во која кратко вели „добри чувства…“.

Во текот од минатата недела, Фудбалската федерација на Египет објави дека се очекува отсуството на Салах да не биде подолго од три недели и со тоа ги подгреа надежите за настап на Салах на мундијалот уште од почетокот. Тринеделното отсуство го потврди и Ливерпул.

Мо Салах доби повреда на рамото во текот на финалето од фудбалската Лига на шампионите во дуел со Серхио Рамос.

Фудбалската репрезентација на Египет на Светското првнество е во група со домаќинот Русија, со Уругвај и со Саудиска Арабија. Првиот меч ќе го одигра на 15 јуни против Уругвај.

 

 

 

Се вчитува...