Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Хасан Салихамиџиќ изненадувачки или не го искажа интересот на „Баварците“ за напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд.
Ова го направи пред германскиот ТВ канал „Спорт 1“, каде што исто така рече дека би било „аматерски“ од нивна страна доколку не ги проучат можностите за привлекување на норвешкиот напаѓач.
„Тој е врвен фудбалер и од она што го слушам, прекрасно момче. Мораме да ја погледнеме таа можност, но тој е играч на Борусија Дортмунд. 60 гола на 60 натпревари. Ќе бевме целосни аматери ако не ја разгледавме оваа можност“, рече Салихамиџиќ.
Ерлинг Халанд има договор со Борусија Дортмунд до летото 2024 година, но следното лето ќе има клаузула за раскинување во неговиот договор вредна 75 милиони евра. Сите големи тимови во Европа се заинтересирани за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА