Салихамиџиќ откри како ќе биде дочекан Левандовски во Минхен!?

Еден од најдобрите напаѓачи на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ова лето го напушти тимот и се пресели во Барселона, после долги преговори.

Полјакот сам инсистираше на трансфер, а во вторник ќе се врати на „Алијанц Арена“ како противник во меч од ЛШ.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ проговори за неговото враќање и каков пречек треба да добие.

„Како ќе биде дочекан? Не знам. Тој освои се со нас, навивачите треба да го ценат тоа. Се надевам дека нема да го свиркаат, јас не би го исвиркал“, изјави Салихамиџиќ.

Се вчитува...