Салцбург е сепак машинерија…, плеј-оф од ЛЕ следи како утеха за Шкендија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Австриски Салцбург е сепак „машинерија“ за Шкендија, и покрај тоа што македонскиот шампион одигра квалитетен дуел и заслужи триумф на реванш пресметката со фаворитот во третото квалификациско коло за ЛШ.

Но, место победа, на крајот и пораз за тетовци кои сервираа подарок гол за гостите. Но, Шкендија имаше чесно збогум од Лигата на шампионите кое носи дополнителен мотив сега за плеј-оф рундата од Лигата на Европа сосема извесно против норвешки Розенборг…

 

Се вчитува...