Салцбург победнички ќе ја дочека Шкендија, триумфираше на гости против Матерсбург

Австрискиот првак Салцбург со максимални две победи во првите две кола го стартуваше новиот шампионат. Во пресрет на првиот меч со Шкендија од третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите, Салцбург денеска славеше на гости против Матерсбург со 0-2. Интересно, тимот на Марко Росе до триумфот стигна во последните моменти од судиското продолжување.

Првиот погодок беше дело на Андре Рамалјо во 93.минута, а две минути подоцна погоди и Мунас Дабур.

Салцбург го стартуваше мечот во следниот состав…

 

Се вчитува...