Самарџиев: Моите кошаркари не можат да играат како пред десет години…

Еуро Никел не успеа да ја оправда фаворитската улога на денешното четвртфинале со ФМП, кавадарчани се вратија од двоцифрена негатива, но немаа сили за триумф и пласман во полуфиналето во Купот на Македонија.

Тренерот Горан Самарџиев му честиташе на противникот на заслужената победа, но и порача дека на неговиот тим не треба да се гледа како на фаворит бидејќи клучните играчи на Еуро Никел се наоѓаат на залезот на кариерата.

„Како прво честитки за ФМП и многу среќа во натамошното натпреварување. Ние одигравме слаб меч, нашите очекувања беа многу подобри од она што го покажавме. Сите очекуваат многу од нас бидејќи имаме искусна екипа, но ние имаме кошаркари кои се поранешни репрезентативци кои не можат да играат како пред десет години. ФМП повеќе ја посакуваше победата, во одлучувачките моменти имаа повеќе желба. Нивните бекови беа поагресивни, а ние не ја искористивме предноста во височина за да реализираме во рекетот“, истакна Самарџиев.

Се вчитува...