Самарџиев: Проблемите со повредите продолжуваат да бидат клуч за лошата низа

Еуро Никел по победата на отварањето на новата сезона се наоѓа во резултатска криза од пет порази едно по друго. Последниот доаѓа од Кожув кој на домашен терен славеше над кавадарчани со 86-79.

Проблемот со повредите продолжуваат да го земаат данокот во редовите на „сино-белите“ кои и на овој натпревар не можеа да сметаат на услугите на Предраг Самарџиски, а токму за тоа говореше и тренерот Горан Самарџиев.

„Во моментот имаме катастрофални резултати, но тоа се должи на неколку причини. Самарџиски после вториот натпревар играше со болки, повреден е и можеше да го даде својот максимум. Плејмејкерот Дејвис не успеа да ја превземе одговорноста. За овој натпревар проблеми имаше и Калахан кој едвај успеавме да го опоравиме на полувреме па заклучно со тоа на гостински терен не можеме да се снајдеме со толку мал број на играчи. Во следниот период ни следат релативно полесни натпревари, но тоа не значи ништо. Мораме да доведеме два нови играчи од кои еден на плејмејкерската позиција, а го очекуваме и враќањето на Самарџиски“, изјави за ЕКИПА тренерот на Еуро Никел.

„Сино-белите“ имаа водство на полувреме од мечот, но работите се променија во вторите 20. минути во кои домаќинтие ги користеа грешките на гостите и во средината на последната четвртина стигнаа до комотна предноста која овој пат беше доволна за победа.

„Кожув заслужно не победи на овој натпревар, едноставно беа подобри. Се виде и тоа дека нашата екипа падна во последната четвртина бидејќи играчите премногу се изморија и ни фалеше барем една замена плус на бековските позиции. Долго е првенството, ќе гледаме да се консолидираме во следните натпревари да заиграме подобро“, додава Самариџиев.

Вицешампионот во однос на претходната сезона го задржа стилот на игра, но остана без неколку клучни играчи.

„Ова е сосема нова екипа од претходната сезона. Нашата игра се темели пред се на бековските позиции и тука се гледа отсуството на Дубински и Петровски. Премногу нови играчи и ни треба простор за воигрување. Повредите го наметнаа тоа некои играчи да не играат на природните позиции. Доколку имавме уште еден играч на плејмејкерската позиција ваков епилог немаше да се случи“

Се вчитува...