Самир Фазли го засилува нападот на Македонија ЃП (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Самир Фазли е најновото засилување за нападот на Македонија ЃП во пролетниот дел од шампионатот.

29-годишниот Фазли, по 11 години, повторно се враќа во својот клуб од кој замина во 2009 години селејќи се во холандски Херенвен. Потоа во кариерата настапуваше и за Хелмонд во Холандија, Вил во Швајцарија, Рудеш во Хрватска како и тетовска Шкендија во чии редови беше се до јули минатата година.

„Лавовите“ претходно како свои нови фудбалери ги промовираа и Бразилеците Чарлстон и Робсон Да Силва, како и Изет Ајрулаху од ФК Скопје.

Се вчитува...