Самир Фазли повторно стрелец за Рудеш: За бод против Интер Запрешиќ

Македонскиот напаѓач Самир Фазли повторно е стрелец за хрватскиот прволигаш Рудеш, и втор меч едноподруго.

Фазли донесе бод за Рудеш на гостувањето против Интер Запрешиќ во 31. коло од Првата лига на Хрватска. Македонскиот интернационалец погоди во 82. минута од средбата за конечни 1-1. Ова е втор гол за Фазли сезонава во 15 одиграни натпревари за хрватскиот тим.

Рудеш до крајот на првенството го очекува жестока битка за опстанок. На пет кола до крајот, со 27 бода е за нијанса пред конкурентите за испаѓање, два бода пред претпоследниот Истра и три бода пред последнопласираната Цибалија.

Се вчитува...