Само Барса и Реал се опции за Обамејанг

Пјер Емерик Обамејанг и во претстојниот преоден рок повторно ќе се најде на самиот врв од листата со желби на европските гиганти, но Борусија Дортмунд не планира лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер. Директорот на „милионерите“, Ханс Јоаким Вацке, истакна дека приоритет на неговиот клуб ќе биде Обамејанг да остане во Дортмунд, иако признава дека ќе биде многу тешко да се одолее на евентуална понуда од Реал Мадрид или од Барселона.

Мислам дека Обемајанг ќе остане кај нас, но ако Реал Мадрид или Барселона дојдат со понуда, тогаш сигурно сериозно ќе размисли. Секако дека има и други заинтересирани клубови, но ниту еден од нив не е доволно голем предизвик за да биде причина за заминување од Дортмунд. Секако, тука е и Баерн, но нема шанси да го пуштиме да се пресели во оваа екипа“ – изјави Вацке.

Манчестер сити исто така искажува сериозен интерес за овој врвен голгетер, но Обамејанг во неколку наврати веќе самиот истакна дека голема желба му е да го облече дресот на Реал Мадрид, тим кому му се даваат најголеми шанси во трката по голгетерот од Габон во текот на летово.

Се вчитува...