Само Хрватите 100%, се друго „потоп“ на екс-ју клубовите во Европа

Хрватските клубови досега се со 100% ефект во квалификациите од европските фудбалски натпреварувања. А, сите други клубови од екс-ју земјите со очаен биланс во Европа.

Динамо Загреб на пат кон Лигата на шампионите ја елиминираше казахстанска Астана, додека во Конференциската лига Осијек го исфрли унгарски Залаегерцег, додека Ријека косовскиот Дукаѓини. Во третото квалификациско коло од Конференциската лига ќе игра и сплитски Хајдук против грчки ПАОК.

За разлика од Хрватите, синоќа во Конференциската лига играа уште десет клуба од поранешните ју-простори. А, од нив дури седум се елиминирани. Покрај Дукаѓини, елиминирана е и црногорската Сутјеска од Санта Колома од Андора, сараевски Железничар од азербејџански Нефчи, косовска Дрита од чешка Викторија Плзен, српската Војводина од кипарски Апоел, Борац Бања Лука од Австрија Виена како и Шкупи од бугарски Левски.

Пласман понатаму единствено обезбедија словенечки Марибор кој го победи Диферданж од Луксембург, косовскиот шампион Балканки против Ларне од С. Ирска, како и словенечко Целје кој по пенали ја елиминираше португалска Виторија Гимараеш.

Се вчитува...