Само Хрватска знае како се победува на „Ренцо Барбера“

Историјата покажува дека неслучајно Италија го одбра стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо за домаќин на бараж натпреварот против Македонија кој ќе се игра вечерва. На сите натпревари одиграни на овој терен, Италија само еднаш загубила и еднаш одиграла нерешено, додека остнатите натпревари ги завршила во своја корист.

Италија е во серија на стадионот во Палермо од седум победи по ред. Последен пат Чешка во 2004 година успеала да одигра нерешено 2-2. Претходно во 1994 година, Хрватска ги освоила трите бода во квалификациите за ЕП 1996 година, и тоа е единствената селекција која успеала да издвои победа во Палермо против Италија.

Последен натпревар на овој стадион на Италија е во квалификациите за ЕП 2020 година во 2019 година против Ерменија. Италијаните остварија победа од неверојатни 9-1.

На стадионот каде вечерва ќе истрча Македонија, се играа и три натпревари од Мундијалот во 1990 година. Во 2003 година, пак, Израел беше домаќин на два натпревари во квалификациите за ЕП, поради неможноста да игра на домашен терен.

Во 1997 година се одигра и финалето на Супер-купот на Европа, во кое Јувентус го совлада ПСЖ со 3-1 и го подигна трофејот.

Се вчитува...