Само Меси е подобар од Барди, Роналдо уште е на „нула“

Двата гола на Енис Барди на дуелот со Атлетик Билбао значеа и речиси сигурен спас на Леванте во битката за опстанок. Фановите на клубот од Валенсија повторно го слават Македонецот, гласно прашувајќи зошто толку долго беше игнориран, па на последните 19 средби не се најде меѓу стартерите на својата екипа.

Од вкупно 15 слободни удари сезонава македонскиот ас реализираше четири, па со процент од 26,7% Барди е најуспешен од ваквите ситуации во Примера дивизион.

Повеќе голови од Енис од овие позиции постигнал само неповторливиот Лионел Меси, шест, но на Аргентинецот тоа му успеало од дури 46 обиди.

Само за споредба, Кристијано Роналдо сезонава извел 14 слободни удари, а не погодил ниту еднаш, додека Дани Парехо од Валенсија, кој важи за мајстор од вакви позиции, има зад своето име само еден погодок од вкупно 20 обиди.

По ова извонредно издание за очекување е Барди да го задржи првотимскиот статус на наредните натпревари, што сигурно ќе му даде можност да се обиде да го стигне и Лионел Меси.

Се вчитува...