Само што доби шанса, Марсело пак се повреди

Долгата листа на повредени играчи на Реал Мадрид од синоќа е „збогатена“ за уште еден член, откако Марсело поради болка во мускулот не беше во можност да го доигра дуелот со Хетафе.

Бразилскиот лев бек по подолго време доби шанса од Зинедин Зидан, одигра сосема солидно и асистираше при вториот гол на Реал што беше дело на Менди. Сепак, само неколку минути подоцна Марсело остана да лежи на теренот, по што експресно мораше да биде заменет.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускул на левата нога, поради што се предвидува дека паузата на Марсело од терените ќе изнесува најмалку три седмици. Ова значи дека Бразилецот ќе пропушти неколку средби од Ла Лига, како и првиот осминафинален дуел од ЛШ против Аталанта.

Се вчитува...