Само „светците“ на Раул се перфектни во Лигата на шампионите

Пари сен Жермен предводен од Раул Гонзалес е единствениот тим со перфектен скор по првите шест кола од Лигата на шампионите, откако „светците“ по голема битка го добија денешното дерби на групата со Пик Сегед со резултат 33-31. И двата тима влегоа во овој дуел со перфектни 5-0, но унгарскиот шампион не успеа да го земе скалпот на францускиот гигант.

Никола Карабатиќ поради повреда не е во тимот на ПСЖ, но Гонзалес има бројни адути на располагање. Така, денеска блесна Сагосен, кој одлично ја организираше играта на „светците“, воедно и самиот постигнувајќи осум погодоци.

Во втората група од Лигата на шампионите на чело се наоѓа Вардар со десет бода, но исто толку вечерва можат да имаат Барселона или Кјелце (и двете екипи имаат по осум), во зависност од победникот во нивниот меѓусебен дуел, што стартува во 19 часот во каталонската престолнина.

Се вчитува...