Сампаоли ја презема селекцијата на Катар!?

Тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли би можел да биде нов селектор на Катар, додека легендата на шпанскиот фудбал Чави Ернандез функцијата на негов советник.

Според „Марка“, на аргентинскиот стратег, кој се прослави како предводник на Чиле, му е понуден договор од Катар, чија селекција во моментов ја предводи Уругваецот хорхе Фосати.

Катар ги загуби шансите да се пласира на СП 2018 во Русија, но желбата е со Сампоали да се изборат за настап на ЛОИ 2020 во Токио, пред да го организираат Мундијалот 2022.

Сампаоли изминативе денови се спомнува и како наследник на Баузе на клупата на Аргентина, но „Марка“ е убедена дека својата тренерска кариера ќе ја продолжи во Катар.

Се вчитува...