Сампаоли не ризикува: Меси ја пропушта Италија

Лионел Меси нема да настапи на вечерашниот пријателски натпревар меѓу Аргентина и Италија, што ќе се игра на „Олд трафорд“ во Манчестер. Најдобриот фудбалер на „гаучосите“ во изминатите денови тренираше со репрезентацијата, но синоќа се пожалил на болка во мускулот. Лекарскиот тим утврдил дека повредата не е премногу сериозна, но селекторот Сампаоли сепак реши да не ризикува, па вечерва ќе му даде заслужен одмор на најдобриот фудбалер на денешницата.

„Никој не сака да ризикува на помалку од три месеци до мундијалот, уште повеќе ако се знае дека Лео го очекува пеколен распоред со Барса во следниот период. Затоа, тој ќе одмори против Италија“ – информираат аргентинските медиуми.

Се вчитува...