Сампаоли одрече за преземање на Барселона: До смрт сум посветен на Севилја

Тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли, ги одрече гласините кои го поврзуваат со клупата на Барселона. Тој вели дека засега немал никакви контакти со раководството на каталонскиот клуб и апсолутно е посветен на работата на Севилја.

„Работа во Барселона? Тоа прашање нема одговор, затоа што воопшто и нема никакви причини за тоа. Во моментов сум тренер на Севилја и посветен сум до смрт на мојот клуб“, изјави Сампаоли.

Сегашниот тренер на Барселона, Луис Енрике, јавно истакна дека ќе го напушти „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...