Сампдорија го шокираше Интер

Интер направи голем чекор назад во трката за пласман во Лигата на шампионите оваа сезона, откако загуби на „Џузепе Меаца“ од Сампдорија со 1-2. „Нероаѕурите“ имаа водство на овој меч со голот на Данило Д’Амбросио во 35.минута, но во вториот дел следеше неочекуван шок за домашните фудбалери и за фановите на Интер.

Патрик Шик во 50.минута го израмни резултатот, а Фабио Квалјарела од пенал во 85.минута донесе комплетен пресврт и триумф за Сампдорија. Марсело Брозовиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Интер сега има дури девет бода негатива во однос на третопласираниот Наполи и шансите за пласман во ЛШ се сведени само на теорија.

All Goals & Highlights HD – Inter 1-2 Sampdoria… by FootballLiveGoals

Се вчитува...