Сампдорија преку „фенерџијата“ до првата победа сезонава

Екипата на Сампдорија во 11. коло дојде до првата победа во Серија „А“ откако вечерва го совлада последнопласираниот Кремонезе со минимални 0-1 на гостински терен. Со тоа Кремонезе остана единствен тим без триумф во италијанскиот шампионат во оваа сезона.

Голот вреден три бода беше дело на Коли во 78. минута, но тимот предводен од Дејан Станковиќ имаше многу среќа, затоа што Кремонезе промаши пенал во 7. минута, откако Десерс шутираше по средианта, но Аудеро го прочита, не „мрдна“ и му го одбрани пеналот.

Во вториот меч, Сасусоло со пресврт ја совлада Верона. Вероја преку Чекерини дојде до водство во 2. минута, а Лауриенте израмни во 32. минута. Фратези во 74. минута донесе победа на Сасуоло.

Се вчитува...