Самуел Ето ќе игра во Катар

Камерунскиот интернационалец Самуел Ето ја продолжува својата играчка кариера и на 37 години потпиша договор со Катар Спорт Клуб. Тој стави потпис на едногодишна соработка со новиот клуб, кој се наоѓа на петтото место на табелата по две одиграни кола во шампионатот.

Ето досега настапуваше во Турција, во Анталијаспор и во Коњаспор, а претходно беше дел од Реал Мадрид, Леганес, Еспањол, Мајорка, Барселона, Интер, Анжи, Челси, Евертон и во Сампдорија. Камерунецот веднаш му се приклучува на новиот тим и треба да биде огромно засилување во продолжение од сезоната.

Се вчитува...