Сан Антонио го израдува Данкан, му донесе победа на првиот натпревар како главен тренер (ВИДЕО)

Тим Данкан одлично ја искористи приликанта менувајќи го Грег Попович на клупата на Сан Антонио како вршител на функцијата главен тренер во победата на „спарс“ на гостувањето во Шарлот со тесни 103-104. Поповч, како што соопшти тимот отсуствуваше бидејќи имал „лични обврски“. Тој се очекува да се врати на клупата веќе в петок за дуелот против Бруклин.

„Едно деноноќие бев во столчето за големи момчиња. Да бидам искрен и не бев баш вистински во столчето за големите момчиња затоа што имав асистенти кои ги носеа одлуките, а јас само стоев таму и им викав на луѓето“ – вели Данкан кој му е помошник на Попович.

 

Се вчитува...