Сан Антонио ја повлече „деветката“ на Тони Паркер (ВИДЕО)

Сан Антонио му се заблагодари на Тони Паркер за сите години поминати бо клубот со тоа што го пензионираше дресот со број девет кој францускиот плејмејкер го носеше играјќи за тимот од Тексас. По натпреварот на „спарс“ против Мемефис на специјална манифестација беше кренат дресот кој засекогаш ќе стои во арената на Сан Антонио. Со повелкувањето на дресот, Сан Антонио го стави Паркер меѓу бесмртните великани кои придонеле во градењето на франшизата. Ваква чест претходно имаа уште двајца кошаркари од генерацијата на Паркер која стана шампионска,  Ману Џинобил и Тим Данкан.

Ми беше чест да играм заедно со вас. Неамте поим како влијаевте на мојот живот. Можам многу да збораувам за тоа што го правевме на теренот, но мене ми е омилено она надвор од паркетот. Тоа што и натаму разговараме. Играме тенис заедно, одиме на викенд, разговараме по цели ноќи. Морам да напредувам во тенисот затоа што губам од Ману. Но, пријателството го сакам најмногу. Ве сакам и ќе бидеме заедно засекогаш.“ – рече Паркер обраќајќи им се на Џинобили и на Данкан.

Тони Паркер мина 17 години во Сан антони, осови четри шампионски титули во 2003, 2005, 2007 и во 2014 година. Во 2007 година беше МВП на финалето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...