Сан Антонио подобар од Минесота, Клиперси од Лејкерси

Кошаркарите на Сан Антонио не дозволија изненадување и на гостувањето против Минесота славеа со 93-100.

Минесота пружи одличен отпор, носејќи и предност од 12 поени (51-39) во финишот на втората четвртина, но Сан Антонио го доби третиот период со 31-16 и до крајот го контролираше натпреварот. Во триумфот се истакна ЛаМаркус Олдриџ со 26 поени, Леонард дополни со 22 поени, а По Гасол и Ману Џинобили постигнаа по 11 поени. Во домашниот состав Карл-Ентони Таунс постигна 25 поени, со 14 скока.

ЛА Клиперс во градската пресметка славеа против Лејкерси со убедливи 133-109.

Во составот на Клиперси одлични партии пружија Крис Пол со 27 поени и Џеј-Џеј Редик со 24 поени. Кај Лејкерси, пак, Инграм постигна 21 поен, а Џилуис Рендл дополни со 19 поени.

Голден стејт ја забележа петата победа во низа славејќи на гостувањето против Далас со 87-112. Клеј Томпсон со 23 поени беше најефикасен, а Стеф Кари мечот го заврши со 17 поени. Во домашниот тим Дирк Новицки мечот го заврши со 16 поени и осум скока.

Се вчитува...