Санчез почна преговори со Баерн, Арсенал останува без најдобриот

Најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез, кариерата би можел да ја продолжи во Баерн Минхен, открива германскиот „Билд“. Агентот на Чилеанецот ги започнал преговорите со раководството на баварскиот тим, а во следните денови се очекуваат и многу повеќе детали. Анчелоти бара фудбалер што ќе го пополни местото на Франк Рибери, кој е во 35-тата година и е на залезот на кариерата, а Санчез е идеалното решение за италијанскиот стратег.

Сепак, во преговорите има еден проблем, а тоа е цената за двократниот освојувач на Копа Америка. Баерн Минхен не дава повеќе од 30 милиони евра, причина за тоа е фактот дека Санчез влегува во последната година од договорот со „топчиите“. Платата не е проблем за германскиот шампион, но имаат строги критериуми кога во прашање се трансфери, па стојат на тоа дека не треба да дадат повеќе од првичната понуда.

ПСЖ, Челси и Сити се подготвени да платат многу повеќе, понудите стигнаа дури и до 50 милиони евра, но на крајот се прашува Санчез, кој истакна дека сака да остане во Лондон и да игра во Премиер – лигата и по завршувањето на договорот со Арсенал. Но, Баерн Минхен е можен кога се трансферите во прашање…

Се вчитува...