Дали Џејдон Санчо ќе настапува на фудбалските терени во сезоната 2025/26 останува под знак прашалник. За него повеќе нема место во Манчестер Јунајтед, не постои ни голем интерес од европските гиганти, а и тие понуди што пристигнуваат за негов ангажман фудбалерот ги одбива.
Постоеше голема заинтересираност од страна на Рома за анагжман на 26-годишникот, но после последните информации репрезентативецот на Англија не успеал да постигне договор за личнтие услови па за него оваа врата е затворена.
А, пак се чини дека тој самиот си ја затвори и вратата за можен трансфер во Бешикташ бидејќи воопшто не дава повратен одговор на понудата на Турците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

