Сандеј Адетунџи: Работнички почна да се плаши по офанзивата во вториот дел која ни донесе триумф

Шкупи славеше и против Работнички со 2-0 во првиот натпревар од 23. коло во ПМФЛ за уште еден дополнителен чекор кон шампионската титула сезонава.

Најдобриот фудбалер на чаирчани сезонава, Сандеј Адетунџи, кој го отвори резултатот на вчерашниот натпревар, вели дека го добиле натпреварот во моментот кога противникот почнал да се плаши на терен.

„Имавме тежок натпревар, противникот беше навистина подготвен за мечот. Првото полувреме беше потешко бидејќи добро се бранеа, но во вториот дел мислам дека повеќе напаѓавме. Првиот гол ни помогна многу затоа што потоа цело време напаѓавме и мислам дека нашиот противник почна да се плаши на терен, па тоа и ни помогна потоа до победата“ – вели Адетунџи.

Шкупи е лидер на табелата со 55 бода. Во следното коло, на 19. март, чаирчани гостуваат на Струга ТЛ.

Се вчитува...