Сантош избриша тројца дефанзивци од списокот за Македонија

ЕКИПА во Порто,

Владимир Булатовиќ

Португалија е подготвена за целосна офанзива на вечерашниот натпревар со Македонија, финална пресметка на која победникот ќе го добие џек-потот наречен билет за СП 2022 во Катар.

Селекторот Фернандо Сантош низ годините беше критикуван поради премногу дефанзивна игра, но вечерва се очекува напаѓачки фудбал од „европските Бразилци“. Тоа е очигледно и по кратењето на списокот за мечот со Македонија, за кој Сантош се откажа од тројца дефанзивци. Станува збор за Далот (Манчетер Јунајтед), Џало (Лил) и Инасио (Спортинг Лисабон), кои нема да бидат ниту на клупата за резерви, туку вечерашниот дуел ќе го следат од трибините на „Драгао“.

За потсетување, во стартниот тим по негативниот тест на корона вирус се враќа ветеранот Пепе, а во составот на Португалија сигурно ќе има место и за десниот бек на Манчестер Сити, Жоао Кансело, кој поради суспензија го пропушти полуфиналето со Турција.

Се вчитува...