Сарачевиќ: Ова во Скопје е неверојатна атмосфера, тука никој не може да го победи Вардар!

Тренерот на ППД Загреб, Златан Сарачевиќ по синоќешната победа на Вардар во финалето на Ф4 турнирот од СЕХА регионалната лига го призна поразот на неговата екипа.

Но, Сарачевиќ е генерално воодушевен од атмосферата во „Јане Сандански“ нагласувајќи дека едноставно тука тешко кој, во таков амбиент, може да го победи Вардар.

„Вардар сосема заслужено стигна до трофејот. Најдобар беше во текот на целата сезона во лигата, а подобар беше и во финалето. Но, навистина мора да го спомнам спектаклот кој се случуваше во Скопје. Игравме меч во неверојатна атмосфера во која тешко кој може да победи тим како Вардар. На моите момци може само да им честитам за пожртвуваноста и максималната борба до крајот на финалето“ – истакна по средбата Сарачевиќ.

Се вчитува...