Францускиот скијач Сиприен Саразин, свесен е дека за малку ќе умреше при тешкиот пад кон крајот на декември на патеката за спуст во Бормио, Италија, се заблагодарува на воздушното перниче што го спасило и вели дека сè уште е мотивиран да се врати на патеките.
Тој вели дека имал многу среќа и дека сега на животот ќе гледа со други очи.
„Повторно го видов мојот пад, но од моментот кога почнав да се лизгам на грб малку безживотно, повеќе не гледав. Но, го видов падот, мислев дека е прилично убав, впечатлив. Мислам дека тој ден имав ангел чувар. Чудо е што се опоравив толку добро и толку брзо. Нема разочарување, сфатив дека за малку можев веќе да не бидам тука, па што и да се случи, понатаму се е позитивно“, изјави Саразан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА