Сари: 50 минути доминиравме против Реал, тоа е рецептот

Наполи доживеа елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако загуби од актуелниот европски првак Реал Мадрид со 1-3 и на домашен терен во Неапол. Сепак, тренерот Маурицио Сари не е незадоволен од изданието на својот тим, напоменувајќи дека „наполитанците“ немале сили да држат идентичен ритам до самиот крај, туку само 50 минути од натпреварот.

„Честитки за Реал Мадрид, за пласманот во четвртфиналето. Заслужено одат понатаму, иако ние доминиравме во првите 50 минути од натпреварот. Но, потоа Серхио Рамос за шест минути го сврте мечот во корист на шпанскиот клуб. Токму затоа е голем шампион, токму затоа освоил многу трофеи и со Шпанија и со Реал Мадрид. Ние тоа се уште го немаме, но имаме големо срце и игравме храбро во текот на двата дуели со „кралевите“. Тие се најскапиот тим, тие се европски и светски клупски шампиони, а ние имавме рецепт да им се спротивставиме. Горд сум на тоа, горд сум на мојот тим, а сега се насочуваме кон домашниот шампионат и повторно ќе се вратиме во ЛШ на почетокот на следната сезона“, изјави Маурицио Сари, тренерот на Наполи.

Се вчитува...