Сари доби два меча суспензија поради инцидентот на мечот со Милан

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари е суспендиран на два натпревари откако во неделата се обиде да се пресмета со фудбалерите на Милан.

Лацио во 3. коло во Серија А беше поразен од Милан со 2-0, а по мечот Сари му се нафрли на Белгиецот во дресот на „росонерите“, Алексис Салемакерс и поради тоа е казнет со еден меч суспензија.

Дополнително е утврдено дека Сари во тунелот на стадионот користел навредливи изрази поради што казната му е зголемена на уште еден меч.

Сари нема да може да го предводи Лацио на натпреварите против Калјари и Торино.

Се вчитува...