Сари ги дочека своите пет минути: „Штом со мене на клупата стигнаа до титула, овие момци се…“

Јувентус ја продолжи својата неверојатна доминација на Апенините освојувајќи ја деветтата едноподруго титула. „Старата дама“ не блескаше сезонава, но успеа да стигне до уште еден трофеј.

Маурицио Сари, кој на почетокот од сезоната го презеде Јувентус, често се наоѓаше на удар на критиките поради играта на тимот, но со освојувањето на титулата успеа барем малку да ги замолкне критичарите. По синоќешната победа Сари порача дека фудбалерите на Јувентус се неверојатно добри кога дури и со него на клупата успеале да стигнат до трофејот.

„Беше ова долг и тежок пат, но со среќен крај. Оваа екипа заслужува големо признание поради жедта за победи и одлучност која ја покажа дури и по осум едноподруго титули. Најлошо е кога успехот се зема здраво за готово. Влегов во соблекувалната по натпреварот и сам им кажав дека очигледно се навистина извонредни фудбалери кога успеаја дури и со мене на клупата да дојдат до титула“ – порача Сари по мечот.

Се вчитува...