Сари има објаснување за поразот од Милан: Помрачување!

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари има објаснување за неверојатниот пораз на неговиот тим од Милан. „Црно-белите“ имаа предност од 0-2, а на крајот загубија со 4-2.

По натпреварот Сари даде едно објаснување, кое кај дел од италијанската фудбалска јавност наиде на потсмев.

„Игравме на врвно ниво 60 минути, го контролиравме мечот а потоа ни се случи помрачување. Нема што многу да размислуваме затоа што за три дена не чека нов натпревар. Ни се случи помрачување, и тоа е тоа. На секоја екипа во овој период може да и се случи. Тоа помрачување траеше 15 минути. Исто ќе беше да ги заменев сите 11 фудбалери. Едноставно се случи и одиме понатаму“ – истакна Сари.

Се вчитува...