Јувентус ја обезбеди титулата во Серија А, па си дозволи и пораз без многу потресување на гостувањето против Каљари.
„Проблем е во тоа што ние сме единствен клуб во Европа кој мора да игра пет натпревари во 12 дена. Ќе видеме како ќе се чувствуваат играчите но викендов ќе мора да играме со У-23 тимот за да првиот тим може малку да се одмори“ – истакна по синоќешниот пораз, Маурицио Сари.
„Старата дама“ на 7. август ја очекува реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ против Лион.
„Девет фудбалери оставивме дома поради проблеми со повреди. Секако дека не сме во најдобра состојба пред Лион, ќе видиме кој ќе се опорави“ – вели Сари.
Против Каљари 90 минути одигра и Кристијано Роналдо…
„Зборував со него пред мечот и беше мотивиран, сакаше да игра и се чувствуваше добро. Заедно одлучивме да игра, тој своето тело го познава подобро од било кој друг“ – рече Сари и дополни:
„Роналдо е инстиктивен играч, не се вклопува баш во тактичките нормативи. Тоа е неговата сила, но тоа значи и дека вториот напаѓач мора да се прилагодува на неговите движења“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА