Сари: Роналдо само на кратко ми кажа, конечно

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари вели дека е задоволен од изданието на неговите фудбалери во победата над Торино од 4-1. Во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој го постигна првиот гол од слободен удар по доаѓањето во Јувентус.

„Мислам дека тоа не го мачеше нешто многу во животот. Но, сепак по натпреварот дојде до мене и ми кажа, тренеру конечно. Очигледно некако му олесна“, изјави Сари. 

По киксот на Лацио против Милан од 0-3, Јувентус има седум бода предност на првенствената табела и е на добар пат да освои нов трофеј во Серија А.

Се вчитува...