Сашко Кедев го освои четвртиот највисок врв во светот

Mакедонскиот алпинист Сашко Кедев оствари нов подвиг во својата кариера откако успеа да го искачи и десетиот од вкупно четиринаесет врвови над 8.000 метри во светот.

Една недела откако го искачи врвот Макалу, тој го освои врвот Лоце на Хималаите, висок 8.516 метри, кој е четврти највисок во светот. Негова следна цел ќе биде врвот Канченџунга кој е нешто понизок од Лоце (8.586. метри).

Покрај Макалу тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

Се вчитува...