Саудиска Арабија ги доживува златните моменти на фудбалот, а квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада беа прославени како голем национален успех.
Ремито против Ирак во Џеда беше доволно за националниот тим да го потврди својот шести и трет последователен настап на Светското првенство. Иако натпреварот не беше особено привлечен, следеше рекордна награда – секој играч доби 5 милиони саудиски ријали (околу 1,15 милиони евра), што беше лично одобрено од министерот за спорт Абдулазиз бин Турки Ал Фајсал.
Враќањето на тренерот Ерве Ренард донесе нов импулс по нестабилниот период под водство на Роберто Манчини, а играчите беа пречекани како национални херои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

