Саудиските шеици нудат 400 милиони фунти за мегадуел меѓу Фјури и Џошуа

Саудиска Арабија сака да организира нов голем боксерски спектакл меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Шеиците се подготвени да платат 400 милиони фунти за борбата чиј победник ќе ги обедини сите пет наслови светски првак во тешка категорија.

Еди Херн, промоторот на Џошуа, потврди дека оваа борба сигурно ќе се случи и дефинитивно ќе ги урне сите рекорди за заработувачка.

Четири членови на кралското семејство на Саудиска Арабија го гледале мечот меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер во Лас Вегас, биле одушевени од атмосферата и сакаат таков боксерски спектакл да приредат и во својата земја.

 

Се вчитува...