Саул Нигез со „ножички“ ја пресече Македонија

Македонија по неполни десет минути игра има негатива од 0-1 на дуелот со Шпанија, по евроголот што го постигна Саул Нигез. Членот на Атлетико Мадрид одлично се снајде по центаршутот на Гаја од левата страна и со ножички го изненади голманот Алексовски, кој можеше подобро да интервенира, но за жал топката заврши во нашата мрежа.

Вистинска штета, ако се знае дека нашите играа храбро од самиот почеток на средбата, но овој гол ги „пресече“ и ги исфрли од посакуваниот ритам.

Се вчитува...