Саутгејт го избриша Мегваер откако беше прогласен за виновен во судскиот процес во Грција

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, сепак, нема да биде во составот на репрезентацијата на Англија на првите два меча од новиот циклус во Лигата на нации. Селекторот Герет Саутгејт дополнително одлучи да го избрише дефанзивецот откако тој беше прогласен за виновен во судскиот процес во Грција по инцидентот што се случи на Миконос. Мегваер е осуден на затворска казна од 21 месец и 10 дена, но, сепак, ќе се извлече со условна казна ако не го повтори делото во наредните три години.

Саутгејт одлучи да не го повика Мегваер за мечевите од Лигата на нации против Исланд и против Данска, иако тој се најде на првичниот список објавен денеска, пред да биде позната казната за фудбалерот на Манчестер Јунајтед во Грција.

Се вчитува...