Саутгејт се надева дека Кејн и Рашфорд ќе бидат подготвени за ЕП

Селекторот на фудабалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, има големи проблеми со изборот на напаѓачи за Европското првенство бидејќи во моментов се повредени Хари Кејн и Маркус Рашфорд, а најдобриот стрелец во Премиер-лигата, Џејми Варди стави крај на репрезентативната кариера.

„Ако бидат добро ќе ни бидат достапни летово. Реален човек сум. Мислам дека ситуацијата со Хари и Маркус е таква каква што е. Имаа тешки повреди, но и двајцата ќе направат се што е во нивна моќ да бидат дел од репрезентацијата на ЕП. Прв приоритет е да се вратат до крајот на сезоната со настап во нивните клубови, а потоа и да бидат дел од тимот кој ќе настапи на еврошампионатот“, изјави Саутгејт. 

Аглија на Европското првенство се наоѓа во групата Д заедно со Хрватска, Чешка и најдобрата репрезентација од баражот во групата Ц во Лигата на нации во која се наоѓаат селекциите на Србија, Норвешка, Шкотска и на Израел.

Се вчитува...