Јуниорската репрезентација на Македонија одлично го стартуваше настапот на ЕХФ-шампионатот во Скопје, убелдиво славејќи на отворањето против БиХ со 39-28.
Љубомир Савевски – Цевак мина кратко време како координатор за женскиот ракомет, но искусниот стручњак веднаш остави свој печат врз оваа млада селекција, која делуваше желна за игра, фанатично борбена во одбраната и ефикасна во нападот.
„Ние не знаевме ниту што правиме, не знаевме до каде сме со формата. Работевме квалитетно петнаесетина дена на подготовките, но немавме натпревар и немавме претстава како ќе изгледаме бидејќи различно е само да се тренира со играње на натпревари. Ме радува кондицијата, спремноста на екипата. Не беше ова некоја блескава игра, но покажавме карактер, тоа ни дава мотив и шанса да градиме нешто ново бидејќи женскиот ракомет има потенцијал. Во оваа екипа има седум кадетки, малата Ива има само 14 години, ќе најдеме уште некои девојчиња. Верувам дека ќе работиме квалитетно бидејќи само на таков начин можеме да направиме пресврт во женскиот репрезентативен ракомет“, изјави Савевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА